Малиот Садат Јакупи избран за најубаво дете во светот

Во Банско, Бугарија, се одржа детскиот избор за убавина, „Little Miss&Mister Galaxy 2019“, на кој во неговата возрасна категорија победи осумгодишниот Садат Јакупи, кој ја претставуваше нашата држава.

Овој голем успех тој го зачини со уште една титула „Top Model Galaxy 2019“.

Малиот Садат е член на Модното студио Црнокрак и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак претстојуваа седум дена во Банско каде со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваа за големото финале.

На изборот и Мики Црнокрак доби титула за најдобар национален директор и тоа трета година по ред. 

Total
0
Shares
Поврзани објави