Малолетник паднал од зграда во Куманово, со тешки повреди пренесен на клиника

Четиринаесетгодишно момче денеска паднало од објект на поранешен „Жито-мел” во Куманово и се здобило со тешки телесни повреди, информираше кумановската полиција.

Случајот кај нив го пријавил лекар од болницата во 15 часот кој кажал дека момчето, родено 2005 година,  паднало од зграда од поранешната фабрика, лоцирана во центарот на Куманово.

Поради сериозноста на повредите момчето е пренесено на лекување на клиника во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави