Манчевски: Пратениците ќе работат од канцеларија и ќе гласат онлајн

Во Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и да одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, вели новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Мнечевски.

„Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и да одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам дека не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено“, изјави Манчевски.

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави