Маричиќ негира дека Европскиот суд ја прифатил аболицијата на Иванов

Министерот за правда Бојан Маричиќ негира дека Судот за човекови права во Стразбур ја признава аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Маричиќ потврдува дека пред ЕСЧП почнала постапка која ги проблематизираат тековните судски за одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО, аболицирани од Иванов.

„Со ширењето на лажната вест дека предметите потонале се врши притисок врз домашната правосудна власт да не одлучува по овие предмети. Но, исто така се открива и визијата за Правдата во очите на опозицијата. Нивна единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Судските процеси ќе продолжат по постоечките закони на нашата држава, а правда мора да има за сите“, напиша министерот Маричиќ на неговиот фејсбук профил.

Судот кон крајот на септември годинава доставил две групи на апликации кои се поднесени против државата пред Европскиот суд, за тековни предмети во врска со прислушкуваните разговори.

Тој објаснува дека предметите пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, а за исходот ќе треба да се почека одлука на судот во наредните години.

Total
0
Shares
Поврзани објави