Марковски, грешка беше што пациентите не одеа на лекар

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ д-р Вело Марковски смета деа владата мора да поднесе одговорност за големиот број на починати од Ковид-19 во државата. Црниот биланс покажува дека Македонија не се справува со пандемијата на ниво, како што тоа го прават другите европски и светски земји, рече Марковски вечерва во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Тој смета дека најголемата грешка е паролата “седите дома” на пациентите, да се јават по телефон и да не одат на лекар.

„Штедете ги лекарите, немојте по рецепти одите во аптеки. Значи маса на луѓе оставивме без да ги види матичен лекар што е нон-сенс. Тука ние имаме проблем. И после кажуваат доцна им доаѓале пациентите. Па, како да доаѓаат кога вие им кажувате да не доаѓаат на лекар“, вели Марковски

Тој тврди дека скоро кај сите починати постои бактериска пнеумонија со јасни параметри, со високо CRP, со висока седиментација и пореметени фактори на коагулација.

„И затоа пациентите треба да ги лекуваме соодветно. Не смее да се пушти пациент да не биде виден, да не биде прегледан“, истакнува арковски.

Според него, другиот проблем е раното давање на антибиотици која за време на вирусна инфекција може да има катастрофални последици.

„Тоа не е мој став, тоа е став на науката. Се прашувам дали се вклучени најдобрите доктори, најдобриот персонал, не можете вие да одите само со партиски членови во борбата со оваа епидемија,посочи Марковски.

Total
0
Shares
Поврзани објави