Маж и жена сомнителни на корона вирус побегнале од болницата во Штип и си отишле дома

Попладнево маж и жена кои биле повратници од Италија, а сместени во штипската болница поради сомнежи за коронавирус избегале од болницата.

Тие го скршиле прозорецот и побегнале. Бегалците се маж од Виница и неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Вечерва тие се пронајдени во нивниот дом во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.

Total
0
Shares
Поврзани објави