Граѓани од Струга деновиве по социјалните мрежи апелриарат надлежните да го пронајдат непознатиот маж кој лажно се претставува, ограбува и им зема лични податоци најчесто на девојиња. Според кажувањата на стружани човекот се претсетавува дека е американец. Зборува англиски, меѓутоа со недоволно убедлив американски нагласок, велат оние кои веќе го виделе.
Им приоѓа на девојчиња (обично ако се сами), велејќи дека е ограбен и му требаат пари за да стигне до Скопје. Притоа им бара лични податоци, со намера да ги врати парите кои ги позајмил од нив (за тие што му помогнале). И така доаѓа до нивни лични информации.
Според оние кои имале можност да го видат низа чаршија човекот иако тврди дека е ограбен воопшто не делува таков, и затоа најчесто жртви му се млади девојчиња или постари лица. Тие што го виделе велат дека е висок над метеар и шеесетина сантиметри, има сини очи и е постар од 40 тина години.
Многумина го виделе но никој до сега не го пријавил во полција. Некои дури тврдат дек е локален коцкар кој на тој нашин доаѓа до пари за коцкање.
Поврзани објави
Која е Верица девојката чии органи спасија животи
Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново,…
СКАНДАЛ: Болницата 8ми Септември не прима пациенти со приоритетен упат
Денеска се случува вистински хаос во болниците и кај матичните лекари. Болницата ГОБ 8 ми Септември со уредно…
Големите искушенија на најниската македонка
Славица Димовска висока само еден метар е најниската жена во Македонија. Живее во општина Чашка. Има 61 година.…
Исчезнатиот битолчанец пронајден жив и здрав
Последната информација која ја добивме од семејството на битолчанецот кој беше пријавен дека е исчезнат , е дека…