Мицкоски: ИНТЕГРА преминува во ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата се окрупнува

Најпрвин да се заблагодарам на претставниците на медиумите што се денеска со нас. ВМРО-ДПМНЕ заедно со најголемиот дел од раководството на политичката партија ИНТЕГРА изминативе денови, изминативе недели би рекол беше во интензивна комуникација и тој процес денеска го заокружуваме со практично нивно интегрирање во рамките на структурата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави за медиумите денеска лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Имавме би рекол плодни разговори изминатиов период, има теми на кои што се разбира имавме различни мислења но има теми на кои што имаме идентични мислења. Тоа се темите кои што практично ги оптоваруваат нашите граѓани, се теми кои што сите наши граѓани ги чувствуваат како еден вид притисок во нормалното функционирање и животот. Тие се темите кои што заедно со раководството на ИНТЕГРА претставуваат наш заеднички именител и одлучивме отсега па натаму заеднички во рамките на ВМРО-ДПМНЕ истите тие да ги интегрираме најпрвин, а потоа и да ги спроведуваме. Јас сум задоволен затоа што од овој момент практично и во деновите кои што следат ќе биде процес на окрупнување на опозицискиот фронт. Јас би рекол така групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури кои што ќе го окрупнат и омасоват опозицискиот блок против оваа мафија која што денеска се наоѓа во Владата, истакна тој.

Тој додаде дека од денеска  започнуваат, но и во деновите кои што следат потенцира дека ќе се видат и други примери и други случаи на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок.

-Со нас се овдека како што кажав и дел од раководството на ИНТЕГРА, но истовремено ќе каже господинот Зафировски можеби неколку реченици со нас практично во оваа интеграција доаѓаат и дел и би рекол цели комитети ширум Македонија и за тоа повеќе ќе зборува господинот Зафировски, заврши Мицкоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави