Мицкоски повика на протест в среда

Лидерот на ВМРО ДМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест в среда, на 9 септември, кој ќе почне од пред Министерството за правда во 18 часот, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.

„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“, рече Мицкоски и додаде дека овој протест е прв во низата на протести кои ќе следуваат во следниот период.

Мицкоски на денешната прес-конференција посочи дека пари има, ама тие не одат кај народот.

„Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо“, рече Мицкоски.

Додаде дека мафија не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова, како што рече, е почетокот на нивниот крај.

Total
0
Shares
Поврзани објави