Мицковски бара безусловни преговори со ЕУ оти сме прозападен народ

На денот на македонската револуционерна борба ВМРО-ДПМНЕ протестира со автомобили и музика пред Парламентот каде говор оддржа лидерот Христијан Мицкоски, кој побара безусловни преговори со ЕУ оти земјата има дадено илјадници жртви против фашизморт и комунизмот.

„Македонија е браникот преку кој се бранеше Европа од мигрантските бранови кои сè уште се закана. Македонија дала и секогаш дава за Европа.Нашиот народ е секогаш прозападен. Сега, Европа треба да му врати на овој народ, преговорите да почнат безусловно и веднаш“, рече Мицкоски.

Тој ја предупреди Бугарија да не се обиде да направи штетни договори со корумпираната власт на Зоран Заев.

„Доколку биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е Македонец, а по нација Бугарин, а нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата“, рече Мицковски најавувајќи поништување на тој договор кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт.

По говорот на Мицковски протестот продолжи со автомобили кон Штип, каде повторно ќе говори Мицковски.

Total
0
Shares
Поврзани објави