Мијалков и официјално на списокот на МВР со национална потерница

Денеска МВР објави фотографија и потерница за Мијалков по кого трага од вчера попладне:

Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ. 

НАЦИОНАЛНА ПОТЕРНИЦА – МВР
Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Одлука на Апелација Салиу пуштен од притвор – здравјето причина за одлуката иако ЈО смета дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат…