Мијалков позитивен на корона вирус

Поранешниот директор на УБК и обвинет во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19.

Неговиот адвокат Љупчо Шврговски за „Фокус“ потврдил дека на Мијалков му било соопштено дека неговиот тест е позитивен, но се уште немал добиено решение.

Шврговски не знае како ќе биде третиран Мијалков дали болнички или во домашни услови, а вели дека се тестирал на Инфективната клиника.

Се заразил од својата сопруга Александра Мијалкова која била позитивна на Ковид -19, а од вчера Мијалков имал покачена температура и сува кашлица.

Шврговски вели дека тие како негови адвокати иако контактирале со него нема да одат во изолација бидејќи комуницирале на дистанца, а Мијалков постојано носел маска.

-Тој беше особено внимателен постојано одржуваше дистанца и носеше маска, мислам дека нема да има потреба да одиме во изолација, вели Шврговски.

Неофицијално, позитивен на корона е уште еден адвокат на обвинети во случаи на Специјалното јавно обвинителство.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави