Милевски во кафеани, Бојан кај Катица – снимки во судница

Во тајното следење применето кон Зоран Милески, како што појасни Рускоска, сега осудениот неколку пати користел возило сопственост на Мелита Милески.

Зоран Милески е снимен како влегува во автомобил „порше“ со бугарски таблички и заедно со возачот пристигнуваат пред хотел „Мериот“ од каде со уште едно непознато машко лице кое влегува во автомобилот и заминуваат во барот „Интермецо“. По некое време Зоран Милески го напушта локалот и заминува во ресторан.

Во друг сет од снимки тој е снимен како во Капиштец вози мотор без регистерски ознаки. Во повеќето тајни снимања применети кон Милески можеше да се види како тој како возач или совозач се вози во повеќе возила, посетува низа ресторани и кафетерии, а неколку пати е снимен како оди на работа.

Снимките се измешани и за некои нема објаснување на пример снимка на која се гледа Милевски дека се паркира. Милески е сниман и во Охрид на забава со три млади девојки.

Во судница беа презентирани и снимки од следењето на Бојан Јовановски. Тој е снимен со неговиот автомобил ленд ровер на неколку локации. Кај неговите родители, кај Катица Јанева пред приватна клиника.

Total
0
Shares
Поврзани објави