Милошоски бара оставка од Димитров

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, најави интерпелација за вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Милошоски вели дека Димитров лажел дека ќе имаме датум за ЕУ и заради тоа време е за оставка.

„Министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација со маска, со шал, со дистанца, со се. Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка, но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал, или политичката фотелја.“ изјави Милошоски.

Во СДСМ сметаат дека ВМРО ДПМНЕ прави национална штета и се обидува да ја врати држава во темното минато.

„Од изолирана и нестабилна држава, со заробени и партизирани институции, злоупотреба на моќта и народните пари од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, создадовме сигурна иднина за граѓаните, ја вративме слободата и демократијата, го решивме повеќедецениското отворено прашање со Грција.“ – велат од СДСМ.

Според СДСМ, земјава веќе е членка на НАТО, а јазикот и идентитетот, се признаени од целиот свет.

Total
0
Shares
Поврзани објави