Милошоски ќе носи бомби кај Рускоска

Утре во 9ч, на моја иницијатива, во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со г-ѓа Вилма Русковска.

Целта на закажаната средба е на обвинителката да И го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ.
Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

После завршувањето на средбата, околу 9.45/10ч ќе дадам изјава за медиумите пред зградата на тоа јавно обвинителство.

– соопштение – Антонио Милошоски

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Протест на ЈСП пред Влада

Раководството на ЈСП денеска со неколку автобуси ја блокира улицата пред Владата, поради неисплата на долгот од околу…