Министерот Фатмир не смее да биде биран од брат му пратеникот Фљорин

За изборот на Фатмир Бесими, кој е кандидат за министер за финансии во новата влада, не смее да гласа пратеникот на ДУИ, Фљорин Бесими, бидејќи е негов брат, вели за Алсат М претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Антикорупционерите будно ќе ги следат постапувањата на браќата Бесими, а првиот судир на интереси го препознаваат во самиот избор на Владата.

„Да видиме како ќе биде изборот на министерот за финансии. Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Првин тука го гледам судирот на интерес. И тој треба да се изземе од расправата за избор на Влада и од гласањето за членови на Влада каде што неговиот брат е кандидат“, вели Ивановска.

Парламентарното мнозинство на кое се потпира изборот за новата влада го сочинуваат 62 пратеници, а за нејзин избор се потребни најмалку 61 глас во Собранието. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави