Министерот Спасовски се врати на работа по едномесечна битка со короната

Mинистерот Оливер Спасовски се врати на работа откако еден месец се лекуваше од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје.

Тој утрово во интервју за ТВ 24 рече дека битката со короната е добро животно искуство.

„Со позитивна мисла, со помош на лекарите, со поддршка од лекарите, од семејството, и пријатели успеав и во никој момент не помислив на ништо друго, туку да заврши таа битка со ковид и повторно да се вратам на обврските, да им служам на граѓаните и да ги извршувам обврските, рече Спасовски.

Тој додава дека добра мисла и желба да се изборите со болеста како и поддршката од семејството се важни, но најголема заслуга имаа лекарите кои 24 часа се борат со болеста.

Тој упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, задолжително да носат маски и да држат дистанца.

Спасовски упати поддршка до лекарите и медицинскиот персонал, а на граѓаните кои имаат симптоми на ковид-19 им порача навремено да се јават на лекар зошто тоа е клучно во справувањето со овој невидлив непријател.

Total
0
Shares
Поврзани објави