Министре Филипче татко ми погрешно и за пари го лекуваат од карцином !

Во продолжение прочитајте писмо од граѓани во кое детално кажува за голготата која со неговиот татко ја поминал и се уште минува во нашиот здраствен систем. За случајот е информиран и министерот Венко Филипче но ситуацијата не се менува.

“Се работи за татко ми кој во јуни месец му е дијагностицирано melanon III C стадиум.
И покрај III C стадиум никој од онколозите не му препорача терапија иако се вратив со извештај од Словенија каде препорачуваа итно да се почне со терапија во спротивно за кратко време ќе доде до рецидив. Така и се сличи , во август се појави рецидив и пак се оперираше.

Докторот што го оперираше прв пат на Клиника за пластична хирургија ни рече дека нема слободна сала до октомври иако се работи за животно загрозувачка дијагноза, за потоа да ми рече дека може да го оперира попладне како дополнителна дејност за 136 000 денари по што одлучивме да се оперира во една од приватните клиники.

Со надчовечки напори успеав да се изборам за терапија според анализите што ги изработи Фармацевскиот факултет (ми дадоа извештај дека е Braf позитивен и дека треба да прима терапија Zelboraf). По кратко време се јави редицив што не требаше да се случи ако терапијата беше вистинска.

Заминавме за Белград и таму се докажа дека татко ми не е Braf позитивен туку негативен и терапијата што ја прима е НЕСООДВЕТНА и рекоа под итно да ја прекинеме.
По прекин на терапијата состојбата уште повеќе му се влоши затоа што најверојатно дошло до труење на организмот. Мораше да лежи во болница, каде му го испираа организмот од труење. Примаше плазма, крв иако никој од докторите не го искоментира тоа дека состојбата е влошена од несоодветна терапија.

Го известив и министерот Венко Филипче за ова. Ми ветија дека содветната терапија ќе биде набавена за 2- 3 дена , поминаа две недели од тогаш терапијата се уште ја нема , а состојбата се влошува. Станува збор за имонотерапија. За ова ќе биде поднесен ивештај и до Хелсиншкиот комитет , Народен правобранител и ќе барам кривична одговорност до судот во Стразбур за сите инволвирани”, пишува во писмото на синот кое Ви го презентираме во целост.

Total
0
Shares
Поврзани објави