Митко Јанчев со протести бара смена на Мицковски, Општинскиот комитет од Кавадарци против

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој беше разрешен од сите партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, вчера повика на протест за оставка на лидерот, Христијан Мицкоски.

„Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02 ноември (понеделник) во 19 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски,“ пишува на неговиот фејсбук-профил.

Досега оставка на Мицкосвки побарале крилото на Груевски, кое по загубата на парламентгарните избори отворено бараше оставка на Мицкоски.

Од друга страна, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се огради од повикот за протест од градоначалникот Јанчев.

-Наместо полноќни статуси на Јанчев сметаме дека местото за протест е онаму каде седи причината за сите проблеми на граѓаните, а тоа е Владата на Зоран Заев“, реагираа тие.

Тие сметаат дека ВМРО-ДПНЕ е демократска партија со легитимно раководство и има процедури како се бара одговороност.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русија пронајде лек за корона

Нов лек кој може да помогне во ублажување на најсериозните компликации предизвикани од коронавирусот регистрирале руските научници. Според…