Митрев: Наесен ќе биде многу полошо со коронавирусот

Eден од најистакнатите кардиохирурзи во земјава Жан Митрев очекува бројот на забоени со коронавирусот наесен да се зголеми.

„Не можеме да кажеме дека е нешто надминато, кога бројките го зборат спротивното. Како ќе биде наесен, јас мислам дека ќе биде многу лошо. Многу ќе се зголемат бројките во однос на тешко болни пациенти„, рече Митрев на гостувањето во дебатната емисија „Само вистина„.

Митрев негира дека болеста ги погодува само постарите луѓе.

„Ние лекуваме и 24 годишник во тешка форма. Сега имаме син и ќерка кои се со тешка состојба. Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата, додава тој.

Тој не очекува дека состојбата со болеста наесен ќе се стабилизира.

„Не сум оптимист, следејќи ги параментите кај нас и во светот, покрај тоа што желбата е да се вратиме во нормала, нема втор бран туку континуирано зголемување на бројките. Но, сега после олабавувањето, под притисок на многу фактори кои се животно важни, а тоа е економијата, тоа придонесе да се олабават на сите страни, не само кај нас. За жал, се гледа дека тоа континуирано продолжува“, објаснува Митрев.

Според него, одредени пациенти заразени со вирусот пак имаат симптоми на СИДА.

-Паѓање на имунитет, предизвикување на имунолошка реакција и додатни компикации. Не секој позитивен пациент е болен пациент. Тој имал контакт со тој вирус. Симптоматските пациенти со проблеми во дишење и температура, тие се пациенти кои заболуваат, тврди Митрев. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави