Министерката Мизрахи во посета на мајката и синот од Велес кои живеат во ужасни услови

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи го посети мајката и синот од Велес кои живеат во ужасни услови и на кои итно им е потребна помош од државата. Тие се корисници на помош за намалена мобилност но средствата не им се доволни за лекови огрев храна.

Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход.
Веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел.
Хуманоста побрза од државата, хуманите граѓани веќе се пријавија за помош.

Мајката Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет, а синот Јордан својот живот го посветил на грижа за својата болна мајка.

Total
0
Shares
Поврзани објави