Млади и кретаивни организираа шоу за помош на Тачо

Во организација на група младинци од Охрид, синоќа на летната сцена Долни Сарај се одржа хуманитарно YouTube шоу за помош на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо на кого по трет пат му е потребна операција, за да ја победи тешката болест.

Капацитетот на гледалиштето беше ограничен на 300 посетители, а настанот се одржа според сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Тачо се бори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се многу средства.  

На Тачо итно му е потребна соодветна терапија која чини околу 20 000 евра.

Број за донации: 143 133 „Т-mobile“.

Жиро сметка за донации: 500600018999581 – Ристо Целески АД „СТОПАНСКА БАНКА

ohridnews

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Родилката чие бебе почина во Битолската болница, сѐ уште не добила отпусна листа и се сомнева во обдукцискиот наод

Родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница, на Фејсбук реагира…