МОН формира работна група за ревизија на учебниците

Работна група ќе направи ревизија на учебниците за основно и средно образование најави Министерството за образование и наука, а новите учебници ќе се воведат во настава следната година.

Министерството се реши на ваков чекор по постојаните реакции од јавноста, родителите и учениците, но и на самите наставници за квалитетот на учебниците.

Поплаки има и за долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности.

Мешовита работната група веќе ги анализа најдобрите искуства и практики од неколку европски и земји од регионот, а потоа ќе се изготви нов систем за унапредување на квалитетот на наставата.

Нема да препорачат само промена на учебници, туку и изработка и употреба на разни видови на наставни и дидактички материјали за наставниците и учениците.

Total
0
Shares
Поврзани објави