Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите што треба да ги почитуваат учениците, наставниците и родителите со враќањето на децата во училниците од први октомври годинава.
– Оваа учебна година е поразлична од другите, бидејќи наставата ќе се одвива под посебни услови, но доколку сите се придржуваме до пропишаните протоколи лесно ќе се заштитиме од ширењето на вирусот. Придржувањето на протоколите ќе биде особено важно за децата на помала возраст од прво до трето одделение коишто ќе следат настава со физичко присуство, затоа е многу значајно на едноставен начин, чекор по чекор да им објасниме како ќе изгледа еден училиштен ден, велат од МОН.