Моторџија и девојка се борат за живот, џип им го пресече патот

Тешка сообраќајка се случи кај Млечен во Скопје. Според очевидци момче и девојка на мотор се тешко повредени кога удриле во џип кој им го пресекол патот. Џипот си тетовски таблички на семафор каде што е забрането вртење лево завртел, а моторот доаѓал од спротивната насока. Немало време ниту да закочи нуту да ги избегне џипот. Од ударот и двајцата биле со тешки повреди и со итна медицинска помош се пренесени во Ургентен. Девојката која седела позади имала тешка надворешна скршеница на ногата од која на асфалтот се уште има огромни локви крв. Полицијата го затвори сообраќајот и врши увид.

фото: dosie.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави