МРП вакцините пронајдени во магацин, ЈО нареди чување додека трае истрагата

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.

Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.

соопштение ЈО

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ангеловска-Бежоска: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти. Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на…