МВР ги приведе насилниците кои тепаат девојка и ја снимаат

Утринава на социјалните мрежи се прошири видео на кое двајца мажи тепаат девојка. Идентитетот на тепачите е откриен и јавноста гласно ја прозва полицијата да реагира. Од полицијата велат дека тепачите се идентификувани и апелираат видеото да не се шири поради заштита на личниот интегритет на девојката. Токму поради тоа Досие не го објави видеото и се приклучува кон апелот на насилниците да им се стават лисици и да одговараат за насилството ,а девојката максимално да се заштити од јавноста.

Пред малку министерот за внтарешни работи Наќе Чулев објави дека насилниците кои се од Штип се приведени

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави