МВР: Момче загина во сообраќајка , маж притиснат од врата во градски автобус

дел од МВР билтен :

На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво. Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 19.10.2018 година во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје- Д.З. (62) од Скопје. Тој пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош и кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави