МВР поднесе пријава против градоначалникот на Боговиње

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, поради сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење“. Според официјалниот извештај на полицијата, Џемаили се терети за делото „бесправно градење“. Пријавите се однесуваат за изградбата на водоводен систем иако не доставиле потребна документација за тоа.

„Градоначалникот на Боговиње, постапи несовесно при вршење на службени должности и прекршувајќи го законот, овозможил почеток на работи за изградба на водовод, без да обезбеди потребна документација и дозвола за почеток на работите. Истиот претходно во име на Општината, преку Општинското јавно претпријатие, има наложено да се ангажира економски оператор, кој иако бил информиран дека за вакви работи нема обезбедена дозвола, го прифатил ангажманот и започнал со работите “, стои во информацијата на МВР.

И покрај тоа што жителите на двете села, Синичане и Урвиќ велат дека постигнале заеднички јазик за привремено снабдување со вода за пиење, полицијата уште е на терен. Општина Боговиње до Владата ги достави барањата на жителите, кои инсистираат на средба неделава.

Покрај веќе познатите барања, жителите на Урвиќ бараат и реконструкција на постојната цевководна мрежа.
„По реконструкцијата на другата постојна мрежа во населеното место Синичане, една цевка која тие ја користат за вода излегува од каналот што го снабдува езерото Маврово, бараат една цевка да остане за жителите на Урвиќ за наводнување на нивните полиња. Основно барање на жителите на Синичане е да замине полицијата и долгорочно да обезбедат вода“, вели жител од Урвич.

Пред неколку дена, полицијата против градоначалникот на општина Боговиње поднесе уште една кривична пријава за самовластие.

Total
0
Shares
Поврзани објави