МВР со информации за сударот во кој загина младиот доктот

Полицијата денеска излезе со официјални информации за вчерашната сообраќајната несреќа во Скопје, во која животот го загуби младиот доктор Трајче Нешковски.

Полицијата добила пријава околу 16:45 часот дека на ул.„Франклин Рузвелт“ се случила собраќајна незгода помеѓу „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 32 годишниот Нешковски и „опел“, со струмички регистарски ознаки управуван од 34 годишната Г.К. од с.Просениково, струмичко.

Нешковски се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и починал.

Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во градската општа болница „8 септември“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави