МВР спречи семејна веселба во гостиварско Неготино, кафанџијата заработи кривична пријава

Тетовската полиција денеска околу 16 часот го лишиле од слобода А.Д.(30) од Неготино, Гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во селото била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица.

МВР соопшти дека сопственикот на објектот ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Total
0
Shares
Поврзани објави