МВР трага кој фрлал мртовечки сандаци во депонијата Русино

Гостиварци вознемирени откако на социјалните мрежи се појавија фотографии каде се гледаат мртовечки сандаци фрлени покрај градските гробишта и на депонијата Русино. Во нив имало и метални сандаци кои се користат за погребување на лица што починале поради компликации на ковид 19.

Од гостиварското комунално претпријатие велат дека по пријавата од граѓани, екипи излегле на терен по што сандаците ги однеле на депонијата Русино.

Од ИВЗ соопштија дека починатите од ковид се погребуваат според протоколи и дека ковчезите не се отвораат. Директорот на Комуналец вели дека погребувањето на мртвите со корона е под надзор на надлежни комисии.

Случајот бил пријавен во полицијата, по што откако е излезено на терен сандаците не се пронајдени на местото, но се работи на негово расчистување.

МВР обезбеило фотографии и видеа и работи на откривање на лицата што ги оставиле сандаците и ќе утврдат дали со тоа се извршени кривилни дела.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија дека ќе го испитуваат случајот. Од таму велат дека ДНК анализа може да покаже дали во сандакот бил починат од ковид-19 и кој бил тоа.

Total
0
Shares
Поврзани објави