На 1 јули Грција ги отвора границите за Македонија

Копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на копнените пристигнувања, од 1 јули имаме укинување на рестрикциите за Албанија и Северна Македонија, доколку сè оди добро, рече министерот за туризам на Грција Харис Теохарис на денешната прес-конференција во пресрет на туристичката сезона.

Иако во Грција од понеделник официјално започнува туристичката сезона, копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција ќе останат затворени од 15 до 30 јуни годинава, со исклучок на апсолутно неопходните службени патувања, додека пак границата со Бугарија ќе биде отворена.

Во однос на авионското поврзување, за периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Северна Македонија и Албанија, но само за основни и конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром. На аеродромот во Солун не се дозволени летови од нашата земја, како и од Албанија.

Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена карантин во хотел-карантин.

извор: MIA

Total
0
Shares
Поврзани објави