Собранието на 22 декември ќе гласа за предлогот Љубомир Јовевски да биде нов државен јавен обвинител. Тој е предлог на Владата и Советот на јавни обвинители. Поддршка доби од пратениците на СДСМ и ДУИ , додека од БЕСА реагираа дека Јовевски пред многу години бил судија и осудил неколкумина Албанци.
Јовевски е дел од обвинителството и цел работен век е во системот на судската и обвинителската фела. Бил и судија и пртеседател на Основен суд 2. Влегува во Обвинителството на местото на разрешениот Марко Зврлевски чие име се поврзуваше со високи структури на претходната власт и тесна соработка со нив што е неспоиво со функцијата. На седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзани објави
Судиите треба да уживат углед, ама и да обезбедат еднаквост пред законот
Министерот за правда Боја Маричиќ смета дека судиите и обвинителите треба да уживаат највисок углед во општеството, но…
Бизнисменот Силјан Мицевски дава исказ за „Рекет“ – си ги бара парите
Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска дојде и Силјан Мицевски кој треба да даде исказ за…
Разрешена судијка од Охрид – осуден убиец излезе од притвор и побегна
Судскиот совет информираше дека на вчерашната седница во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд донесе…
Прва пресуда за тероризам за “27ми април” за Нова Година
Деновиве адвокатските друштва обвинети, сведоци и други странки во постапката за настаните од 27 април лани за која…