На Ќафасан уапсено лице по кое има меѓународна потерница

На 26.01.2019 година во 16,45 часот на Граничен премин Ќафасан на влез во Република Македонија, при пасошка контрола на Ј.К.(50) од Р.Албанија со албанска лична карта било утврдено дека лицето евидентира во систем и има активна меѓународна потрага по него, наведува МВР.

Лицето е лишено од слобода и предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.
извор: дневен билтен МВР
Total
0
Shares
Поврзани објави