На кафе со лична карта

Од денеска вашето кафе ќе можете да го испиете со само еден пријател и на растојание. Три или четири лица на една маса ќе биде дозволено да седнат само ако се од едно семејство. Спортед новите правила угостителските објекти и нивните врати ќе мора да се дезинфицираат откако ќе си заминат гостите.

Тоа би значело дека вработените во угоститетлските објекти ќе имаат право да ги легитимираат гостите за да знаат дали се од исто семејство.

Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека кафеанџиите нема веднаш да се казнуваат. Тие најпрво ќе поминат низ едукација како треба да ги применуваат протоколите.

Според новите протоколи ќе работат само летните тераси до 22 часот. Масите треба да се оддалечени една од друга најмалку 1,5 метар, а забрането е да се стои на шанк и на коњопои. На секоја маса треба да им средство за дезинфекција.

Total
0
Shares
Поврзани објави