На прво тестирање падна Националната платформа за учење на далечина

Учениците ширум земјава од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап до неа.

Од утрово единствената порака која учениците, родителите и наставниците си ја разменуваат е: Системот е паднат, не можеме да се логираме!

Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

-Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата, објави „Слободен печат“. 

Министерството за образование ги информираше родителите дека треба да се има интернет приклучок во домот на детето и дека конфигурацијата на компјутерот што одговара на националната онлајн платформа чини околу 15 илјади денари.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски со порака од Инфективна клиника: Јас сум добар, благодарност до мединицскиот персонал кој се грижи за мене

Почитувани пријатели, денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.Други симптоми…