На Тик-Ток објавена снимка како брутално тепаат момче

На апликацијата Тик Ток се појави видео на кое се гледа напад на младо момче. Видеото кое е со траење од 15 секунди е споделено од профил со име @problem1. 

На него јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, а исто така можат да се забележат и две знамиња.

Дали момчето се здобило со повреди, кои се причините за тепачката треба да одговорат институциите. Засега е непозната и точната локација и кога е направено видеото. Од МВР само кратко велат:

Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста.

Видеото предизвика и големи реакции во јавност и на социјалните мрежи.

Неодамна на апликацијата Тик Ток се појави и видео кое го објави малолетник а на кое се гледа како потпалува шума на јавна површина. Откако беше утврден неговиот идентитет беше приведен. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави