На тројца заболени благо им се влоши состојбата, државата воведува нови строги мерки!

На тројца пациенти им се влоши состојбата. Се уште влошувањето е благо и нема потреба за апарати. Остананите се во добра состојба. Сите се над 66 години. Утрово еден се јавил еден пациент за испитување и се чекаат резултаите, соопшти министерот Филипче.

Министерот соопшти дека во комуникација со италијанските власти им било кажано дека во одредени делови во Италија по воведувањето на најригорзните мерки епидемиијата се стопирала. Затоа Владата попладнево ќе одреди нови по радикални мерки.

НОВИТЕ СЕТ МЕРКИ СЕ : Забрана за јавни и приватни собири , кафитериите да работат до 18 часот со пола капацитет внатре метар и пол до два растојание од човек до човек, да се откажат сите театаски кино претстави и концерти, да се затворат теретаните. Мерките важат и за казината и кладилниците. Лекарите ќе ги откажат сите интервенции кај хронични пациенти, ќе се извршуваат само итни и неодложни хируршки интервенции.

Со верските заедници разговарал претседателот на Владата и тие се согласиле да се приджуваат до препораките.

Министерот апелира мерките да се почитуваат, а не кафеаните да бидат преполни. Во Италија има полициски час, не сакаме да одиме до таму но мора да се придржуваат луѓето на препораките.

Total
0
Shares
Поврзани објави