Најавен протест во Тетово против покачувањето на струјата

Иницијативниот совет за организирање на протестот против покачувањето на цената на електричната енергија денеска ги повика граѓаните на Тетово да се придружат на протестот што ќе се организира во четврток во 19:00 часот на плоштадот Илирија.

„Протестот се организира за да се спречи одлуката на РКЕ за зголемување на цената на електричната енергија, како реакција на  монополот на услугите на компанијата ЕВН и нивното неправилно однесување кон потрошувачите и барање за распуштање на РКЕ, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите кои ја оштетуваат веќе оптоварената економија на граѓаните и формирање на независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги”, се вели во повикот на Еко Герила.

Тие ги предупредија сите заинтересирани граѓанки и граѓани што ќе се приклучат на протестот да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од пандемијата Ковид-19, со носење маски и почитување на физичкото растојание.

Воедно ги поканија и граѓанските органзиации и институциите поддржат организацијата на протестот од јавен интерес.

Total
0
Shares
Поврзани објави