Најмладиот заразен две годишно дете најстариот 91 година – Куманово се затвора со посебен режим на движење

Oткако во последните 24 часа во Куманово се регистрирани пет нови случаи меѓу кои се и двајца лекари и медицинска сестра од локалниот Клинички центар земени се брисеви од 63 лица во болницата и градот а првичните резултати ќе будат соопштени утре.

Според официјалните податоци на надлежните во изминатото деноноќи регистрирани се 12 нови случаи на инфицирани од коронавирусот, од кои седум се од Куманово и пет од Скопје. Покрај здравствените работници заразени се и двајца службеници во МВР од Скопје. Со ова вкупниот број на заразени е 148 лица. Најголем број од нив се во Скопје – 88 лица, најмладиот пециент е двегодишно дете од Скопје додека најстраиот има 91 година.На Инфективната клиника во моментов има 29 пациенти.

Од нив една е во тешка состојба и е приклучена на респираторна машина а шест пациенти се со потешка клиничка слика, но не им е потребна респираторна поддршка, информираше Филипче.

Од Дебар беше побарано да се дополни медицискиот кадар во локалната болница додека поради ширењето на заразата е затворена трансфузиологија во Охрид.

Системот на тестирање во кој се вклучени и матичните лекари почна да функционира.

Изминативе два дена преку матичните лекари биле закажани 170 термини за тестирање за коронавирус, а со тоа зафатени сите термини за тестирање во следните два – три дена. Поради големата потреба за тестирање, а за да се излезе во пресрет на сите пациенти,ќе се воведе мобилна екипа за земање брисеви, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Бројот на лаборатории и медицински установи кои ќе вршат тестирање на граѓаните за присуство на коронавирус ќе се зголеми.

Филипче соопшти дека е дадена дозвола за користење на експерименталната терапија која дава добри резултати во светски рамки, сумамед и лек против маларија, за третирање на пациентите заразени со коронавирус и веќе од утре ќе почне да се применува.

По ширењето на коронавирусот во Куманово и заразувањето на три здравствени работници, Владата одлучи да го укине градскиот и меѓуградскиот сообраќај во градот.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот.Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме“, стои во владиното соопштение.

Општинскиот Кризен штаб во Куманово пак побара градот да биде ставен во карантин по примерот на Дебар.

Бараме од Влада на Република Северна Македонија да донесе итна одлука Куманово да се стави во целосен карантин. Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе одлука за дислокација на 81 бегалец од прифатниот центар „Табановце“, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб.

Покрај тоа, од Комисијата за заразни болести се бара да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите вработени во полицијата и противпожарната служба.

Total
0
Shares
Поврзани објави