Најмногу од вчера заболените се од 30 до 39 години

Најмногу од новите случаи се лица на возраст од 30 до 39 години, со 43 позитивни, стои во извештајот од Институтот за јавно здравје.

Од таму велат дека сто лица од новите 180 заразени со коронавирус кажале дека во изминатиот период имале контакт со потврден случај инфициран од вирусот, што значи дека од каде се заклучува дека 80 од новозаразените, кажале дека немале контакт со заразено лице.

Од обработените случаи, регистрирани се пет хоспитализирани, а кај 35 лица е регистрирано присуство на коморбидитети, односно претходни заболувања. Во однос на пол, пријавени се 97 лица од женски и 83 од машки пол. Од двата смртни случаи од Скопје и Куманово, само едниот имал коморбидитети, додека, пак, двајцата имале контакт со потврден случај, стои во извештајот.

Анализата покажала дека според местото на постојано живеење и повремен престој, случаи на коронавирус се регистрирани во 31 град низ државата – во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.

Скопје и Тетово според категоризацијата на ризик, се во четвртата фаза, односно имаат широко распространета трансмисија, додека, Штип е во трета фаза што значи дека трансмисијата е локализирана.

Total
0
Shares
Поврзани објави