Наќевски го праша Заев дали пред мајките го споменал и името на Трајко Вељановски и што рекал за него? – Не поседувам, ниту сум видел било какви докази за негова инволвираност, освен неточни писанија од квази новинари

Во продолжение од судскиот процес Монструм родителите на убиените деца го прашаа Заев за имињата и вмешаноста на политичарите во случајот а тој одговори дека нема посебни разговори :

Од извршната власт мислам на Муса Џафери и Сашо Мијалков, Миле Јанакиески со други личности, исто така на таа тема. Разговор меѓу Мијалков и Гордана Јанкуловска, поврзана со презентацијата на случајот пред раководството на МВР.

Би било чесно да кажам дека голем дел од тие разговори оставаат впечаток дека сите се обидуваат да најдат некој доказ, информација, за да знаат што всушност се случило тој трагичен Велики четврток, рече Заев. Немам докази дека некој правел притисоци врз судот и обвинителството.

Адвокатката на семејствата го праша и дали му е познато дека во домот на пратеничката Фросина Ременска биле најдени снимки за случајот “Монструм, на што тој рече дека не знае за ваков податок и дополни дека ништо не и давал од меатеријалите од бомбите.

Заев одговараше и на прашањата на родителите на убиените деца.

Ни пративте порака дека ќе ни ги дадете сите броеви кои судот ги крие. И дека бомбата ќе ја објавите за неколку дена. Што всушност крие судот, кои се сопственици на тие броеви, праша таткото на убиениот Александар Наќевски.

Заев рече:

Не сум ги објавил поради стравот дека би можел да предизвикам конфузија или било каква штета, и втората причина, можната одговорност да објавам разговори од посебни истражни мерки. Соговорникот не е осомничено лице. До ден денес верувам дека вие можете да направите увид и да ги видите телефонските броеви кои комуницираат со осомничените, но верувам дека не можат јавно да се објават, рече Заев.

Наќевски праша:

На мајките сте им кажале дека кај Смиљковското Езеро имало паднат телефон на Синиша Алексовски. Дали поседувате за ова докази?

Заев одговори:

Не се сеќавам точно на разговорите. Ако сум кажал таква работа, сум кажал дека допираат секакви информации и докази,  и затоа е важно да се отвори процесот и да се дадат сите одговори, рече Заев.

Наќевски го праша и дали пред мајките го споменал и името на Трајко Вељановски и што рекал за него?

Без скриени намери секогаш искрено сум давал одговори, и пред вас и пред јавноста. Не се сеќавам на прашањето на Трајко Вељановски за негова инволвиранист. Не поседувам, ниту сум видел било какви докази за негова инволвираност, освен неточни писанија кои сум ги видел во медиумите од такви квази новинари, рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави