Намаленa затвроската казна на Чавков – осуден за упадот во Собранието на 27 април

Апелациониот суд ги намали затворските казни на обвинетите во случајот „27 април“. На нив им се судеше за упад во Собранието во 2017 година, а сега добија за една до две години помалку затвор. Од досудените 211 години затвор од судијката Добрила Кацарска во Кривичниот суд, сега казните се вкупно 188 години. Највисоката, од 18 години затвор која ја доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, сега е намалена на 16 години.

Две години помалку во затвор ќе бидат и дел од припадниците на безбедносните сили, а дел, една година помалку. Казните од 15 години за Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ се намалени на 13 години затвор. За Оливер Радулов казната од 10 години е намалена за една година, една година затвор помалку и за Абдуљфета Аљими која е намалена на шест години. Затворските казни се намалени и за организаторите на протестите преку кои се упадна во законодавниот дом. Наместо првично досудените 15 години за Јане Ченто, тој сега има 13 години затвор.

По една година затвор им е намалена на организаторот на протестите Александар Василвски – Нинџа и сега ќе лежи седум години затвор. Помали казни добија и Никола Митревски – Кољо и Влатко Трајковски кои сега ќе лежат 14, додека Игор Југ сега има 11 години робија. Вилијам Михајловски сега има 13 години затвор, додека Младен Додевски и Горанче Ангеловски – Ќосето ќе лежат 11 години затвор. Апелациониот суд во случајот за крвавиот четврток, на обвинетите делумно им ги уважи жалбите, но не и онаа на Обвинителството.

„Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, судот ја потврди“, наведуваат од Апелацискиот суд.

Апелациониот суд по девет месеци од јавните расправи ги објави пресудите. За упадот во Собранието првично им се судеше на 33 обвинети, а 15 од нив беа амнестирани. За пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јоган Тарчуловски и Љупчо Димовски судот не можеше да докаже дали се виновни или не за 27 април, попознат како крвавиот четврток.

Total
0
Shares
Поврзани објави