Нападнале полицаец оти ги казнил за сообраќаен прекршок

Тројца скопјани во понеделникот се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок затоа што физички нападнале полицаец, кој претходно ги казнил за сообраќаен прекршок.

Осомничените биле сопрени од полиција на булеварот Словенија и откако било утврдено дека направиле прекршок биле казнети.

Меѓутоа, малку подоцна, на истиот булевар на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, тројцата скопјани со нивното возило „Дачиа дастер“ прво му го попречиле патот на полициското возило и еден од нив излегол од возилото и физички го нападнал полицаецот, соопштуваат од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави