НАША СТОРИЈА: Американски верски гуру нападнал полицајка во чаршија, полицијата не реагира

Деновиве во домот на полицајка која живее во дел од куќа во Стара скопска чаршија се случил тежок инцидент во кој американски граѓанин ја нападнал и повредил. Таа за dosie.mk раскажа што и се случило.
Американецот е припадник на верска заедница кој во дел од куќата на полицајката со нејзин роднина потпишал договор за изнајмување соби. По неколку месеци престој американецот и неговата партнерка почнале да се однесуваат во куќата како да е се нивнo и да ја разместуваат покуќнината на полицајката. Таа реагирала и го опоменала да не и се меша во нејзиниот дел од куќата, но американецот и понатаму продолжил по свое. Почнал и да ги руши зидовите помеѓу собите и да прави просторија која ќе биде место за молење и одржување верски обреди. Се гради се редат клупи се прави олтар.
Полицајката прашала за што се работи и зошто се рушат дел од собите и и било одговорено дека тука ќе се формира христијанска црква и ќе се држат обреди. Таа се противела, но со оглед дека не учествувала во издавањето на собите туку нејзин роднина, не можела никако да го избрка американецот, кој го опишува како чудна личност со долга црна брада и невообичаено однесување како тој така и жената со која живее.
Но деновиве кога самоволието на американецот продолжило полицајката жестоко реагирала и сакала да расчисти со тоа што се случува со нејзината куќа. Тргнала да се качи во својот дел од куќата, но американецот тргнал по неа. Ја фатил за врат и почнал да ја дави . Таа почнала да вика по мајсторите кои работеле , успеала да го удри меѓу нозе, но тој како скаменет не мрднал . Наеднаш ги кренал рацете ја фатил за раце и со остар поглед дирекно в очи на англиски и рекол: “Престани во името на Исус Христос”.
Таа успеала да се оттргни и да повика полиција. Дошле полицајци на велосипеди , но не знаела како да го состават записникот. Примале упатсва по телефон од началникот.
Полицајката заминала во болница од каде има потврда за повредите на вратот и рацете. Се надевала дека полицијата ќе превеземе соодветни мерки, но тоа не се случило. Неколку пати барала да види што понатаму и како ќе се постапува со напаѓачот , кој во меѓувреме продлжува да гради верски центар во нејзината куќа. Заминала во полција и тоа облечена во службената униформа. Седела во ходник и чекала со часови но никој не ја прашал зошто колешката е во станица. На крај еден од инспекторите ја примил но и дал совет да се смири со американецот или да се тужи, дека полицијата нема време да се занимава со нејзиниот проблем. Добила и препорака да престане да се интересира за случајот и да го пријавува американецот, затоа што на крајот таа ќе заработи пријава за нарушување на јавен ред и мир.
(идентиетот на жртвата , на америнаканецот и другите актери во сторијата се познати на редакцијата)

Total
0
Shares
Поврзани објави