По неколку годишна судска битка пожарникарите на суд добија пресуди со кои судот им го признава правото на изгубени пари односно финасии кои им следувале, а општините не им ги исплаќале. Првите правосилни пресуди со кои се усвоени тужбените барања се во Пробиштип и Радовиш, а истите се потврдени со одлуки на Апелациониот суд во Штип.
Тие тужеле по следните основи: додатокот на плата за посебни услови за работа кој не се исплаќал и покрај постоечкиот Закон за пожарникарство кој како lex specijalis е облигатотен за работодавците на оваа категорија вработени во Македонија, како и за прекувремена работа , регрес за годишен одмор, празнична работа и бонус плата. Основаноста на ваквите побарувања произлегува од Законот за Работни односи , Колективен договор на ниво на Град Скопје и Законот за Пожарникарство , врз основа на кои се базираат веќе донесените пресуди.
Пресуди се донесени во неколку Основни судови во државата вклучувајќи го и Основниот суд во Скопје. Пожарникарите спасители во Македонија почнаа да ги добиваат тужбите поднесени против своите работодавци – општините, а нив ги застапаува адвокатското друштво Стојановска Димитровски од Крива Паланка.
Со пресуди и на скопскиот суд веќе почнаа да се усвојуваат тужбените барања на пожарникарите – спасители од БППЗ на град Скопје кои биле поднесени лани , а се однесуваа на периодот 2014 до 2017 година.
Во тек се постапки пред Судовите во другите градови каде набргу се очекуваат позитивни пресуди а треба да се напомене дека во неколку градови во Македонија се склучени и вонсудски спогодби , со тоа што е извршена корекција на платата на пожарникарите и истата е покачена согласно Закон за пожарникарство.
(Продолжува: Пример од пресуда како судот одлучил и образложил во полза на пожарникарите и донел одлука дека државата е должна многу пари)