Насилници малтретирале цело семејство во Белимбегово поради наводен долг на синот

Полицијата уапсила тројца жители на населбата Илинден, кои минатата ноќ насилно влегле во дом на нивни соселанец што наводно им должел пари, кршеле низ куќата и физички го нападнале него и уште двајца членови на неговото семејство, кои се повредени. Во инцидентот е ранет еден од напаѓачите, кого 52-годишниот стопан на куќата го повредил во самоодбрана, соопшти полицијата.

„На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите“. се вели во полициското соопштение.

Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави