Не е вистина, ќе проверам дали сега може Зибери веднаш да биде сменет, рече министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе провери дали во време на изборна кампања може да го смени директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, кој денес на социјалните мрежи објави изјава дека помогнал во Комисијата за заразни болести да се отворат границите и аеродромите за да можеграѓаните кои живеат во странство да дојдат и на престојните изборите следниот месец да гласаат за ДУИ. Зибери е кандидат за пратеник.

„Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутна невистина. Директорот Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Сметам дека ова е некоја предизборна реторика и тоа ефтина и лоша. Директорот со оваа изјава ништо нема да добие. Цело ова време Комисијата работи исклучиво на на медицински индикатори на епидемиологијата и сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, особено не на човек кој раководи една таква институција. Уште денес ќе се консултирам со правниците и доколку во овој период може директорот ќе биде сменет“, рече Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави