Не се исклучува карантин ако продолжи да се зголеми бројот на заразени од Ковид-19

Министерот Венко Филипче вчера предупреди дека ако новите рестриктивните мерки предложени од Комисијата за заразни болести не помогнат во намалување на ширењето на вирусот тогаш ќе следи целосен карантин.

– Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни одделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме, рече министерот за здравство.

Тој не ја исклучи можноста и за затворање на училиштата и градинките ако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19.

– Засега нема сериозен проблем во градинките, во училиштата има спорадични случаи. Нема внатрешна трансмисија. Обично од надвор дојде вирусот, но и тие прекратко работат за да може да носиме одлука, рече Филипче.

За новите рестриктивните мерки Влада ќе треба да расправа во вторник, а за предлогот на Комисијата да не се собираат повеќе од четири лица во нечиј дом, Филипче вети дека ќе се консултираат со прави експери дали може да се примени.

Во претходното деноноќие биле направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на Ковид-19, четири лица починале, а оздравеле 90 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави